За нас

Полиестердеј е еден од водечките центри за печатење во регионот со деловни простории во Скопје и Белград.

Квалитетот, професионализмот и ефикасноста се основните принципи на работењето на нашиот тим.

Една од примарните цели е следење на новите трендови на пазарот и нивно имплементирање во нашата компанија.

Полиестердеј се состои од неколку оддели на производство:

*дигитално табачно печатење

*офсет печатење

*печатење на широк формат

*печатење на сметки

*сито штампа

*медиа- опрема и материјали за печатење

(Претставници сме на повеќе од 20-тина светски брендови)

 

Политика за квалитет

Целосно сме посветени на политиката за квалитет во секој сегмент од нашето работење. Сите активности ги извршуваме согласно процедурите за врвен квалитет за да постигнеме крајни резултати со коишто ќе ги исполниме барањата и очекувањата на нашите клиенти.

Полиестердеј е посветен на континуирано подобрување на перформансите за квалитет. Со воспоставување на првиот контакт со клиентот, сé до дизајнот, печатењето, доработката на материјалот и неговата испорака, Полиестердеј обезбедува високо квалитетен производ кој е внимателно проверен и проследен.

Како резултат на успешната работа, Полиестердеј поседува сертификат ISO 9001:2008, издаден од респектабилна светска компанија.

Исто така, имаме спроведено и ERP (анг. Enterprise Resource Planning – Планирање на ресурси во корпорации), систем за менаџирање со надворешни и внатрешни извори во компанијата.

 

Политика за животна средина

Грижата за животната средина е најважна цел на нашата компанија.

Полиестердеј е посветен на постојано подобрување на еколошките перформанси во сите фази на планирањето на бизнисот, развојот и производството.

Следуваат неколку причини зашто Полиестердеј е наклонет кон животната средина:

*Користиме бои на база на вода

*Рециклираме стара хартија, тонери и мастила

*Органиски соединенија коишто не испраруваат

Поседуваме Елаборат за заштита на животната средина издаден од Министерството за животна околина и планирање на животната средина.

 

Историја

Приказната за Полиестердеј започна пред 18 години.

Соодветната селекција на вработени, вистинските и мудри одлуки, посветеноста и постојаното следење на модерните трендови на пазарот се основните правила кои му обезбедија на Полиестердеј врвна позиција во областа на дигиталното печатење во нашата земја и во регионот.

Доказ за нашата успешна работа е државната награда за Претприемач на годината за 2009 година.

Во 2010 година Полиестердеј доби сертификат за ISO 9001:2008 во 2014 ISO 14000.

Денес Полиестердеј е еден од водечките центри за печатење со повеќе од 120 вработени, со административни канцеларии во центарот на градот и 2 фабрики во Индустриската зона Визбегово.

 

Контакт

Рајко Жинзифов 50

1000 Скопје, Македонија

++389 (2) 5 111 111

data@polyesterday.com.mk

Нарачка
Вкупно
MKD
Испорака
MKD
Пресметка
Количина
пар.
Цена
MKD
Испорака
MKD