КАКО ДА НАПРАВИТЕ НАРАЧКА И ДА ОТВОРИТЕ СВОЈА СМЕТКА НА САЈТОТ PRINT.MK?
За да ги користите нашите услуги, кликнете тука и пополнете го образецот за регистрација (наведете ги вашите лични податоци, податоци за адреса на живеење и контакт). Ќе добиете мејл за потврда на регистрацијата со ваше корисничко име и лозинка со коишто ќе имате пристап до информациите од вашата лична сметка.
Пристапете на интернет страницата www.print.mk, изберете го производот и датумот/времето за испорака. Откога ќе ја пополните нарачката, ќе добиете мејл за потврда на нарачка со детални информации за избраниот артикл.
Производите може да ги набавите единствено преку интернет.
Откако ќе ја пополните нарачката и ќе ги дополните полињата за избраниот производ, префрлете го фајлот.
Доколку сакате да го префрлите фајлот откако ќе ја пополните нарачката, или сакате да ја замените (ако е можно), кликнете на „Поле за префрлување на фајл“.
Ве молиме имајте во предвид дека лимитот за секој фајл е 1,500 MB.
Сите интернет страници зачувуваат податоци во вашиот компјутер заради беспрекорно функционирање. Секогаш кога го подобруваме нашиот систем, ги ажурираме и нашите податоци коишто потоа вашиот интернет пребарувач автоматски ги зачувува. За да може без проблем да ја разгледувате нашата интернет страница, ве советуваме да го уредите вашиот интернет пребарувач со најновата достапна верзија.
Ако повторно се соочите со препреки, следете ги едноставните инструкции дадени подолу за да ги решите проблемите во врска со прегледувањето на нашата интернет страница. Кликнете на знакот (?) од страната на секој производ за подетално објаснување.
Доколку имате тешкотии со преглед на нашата интернет страница и префрлувањето на фајл, ве молиме постапете според следниве инструкции:
- Откажете ја потрагата и историјата на пребарувачот (?).
- Изберете го вашиот интернет пребарувач и почнете одново.
За проблеми со префрлување на фајлот, ве советуваме да ги примените горенаведените постапки и следниве дополнителни информации:
- Проверете дали фајлот што сакате да го префрлите соодветствува со спецификациите на нашата интернет страница (?).
- Десен клик на образецот за префрлување на фајл и изберете „вчитај го размерот“.
Кога ќе го префрлите фајлот (полето за процесот на префрлување е пополнето), почекајте додека системот го обработи (вообичаено постапката трае неколку минути). Ако истовремено префрлувате повеќе фајлови, постапката ќе потрае подолго. За да избегнете грешки при префрлувањето на фајлот, не обидувајте се да префрлите повеќе од 2-3 фајлови едновремено.
Интернет пребарувачите имаат различни процедури за откажување на потрагата/ историјата на пребарувачот. Подолу е листа на основните интернет пребарувачи и процедурите за секој поединечно.
- Internet Explorer-
- Внесете: http://support.microsoft.com/kb/260897.
- Во менито на долниот дел оддесно од страницата изберете „Превод на производ“ (анг. Article translation) и изберете го јазикот на којшто сакате да читате.
- Следете ги понатамошните инструкции.
- Firefox-
- Внесете: http://support.mozilla.org/kb/how-clear-firefox-cache.
- Изберете јазик од листата на страницата.
- Следете ги понатамошните инструкции.
- Chrome-
- Внесете: http://suppost.google.com/chrome/bin/answer.py?hl=en&answer=95582.
- Изберете јазик од листата на долниот дел од страницата.
- Следете ги понатамошните инструкции.
- Safari-
- Внесете : http://support.apple.com/kb/PH11911.
- Следете ги понатамошните инструкции.
За да бидете сигурни дека нашата интернет страница беспрекорно функционира, следете ги следниве инструкции:
1.Вклучете го интернет пребарувачот што го користите (?).
2.Проверете дали колачињата (повремени фајлови што се употребуваат во повеќето интернет страници) се активни на вашиот пребарувач (?).
3.Проверете дали антивирус (програма што ги заштитува компјутерите од вируси) или firewall (програма што ги заштитува компјутерите од интернет напади) се достапни во вашиот оперативен систем (?) и онеспособете ги по потреба.
За да дознаете кој интернет пребарувач и оперативен систем ги користите, проверете на следниов линк: http://detectmybrowser.com/.
Подолу е листа на основните интернет пребарувачи и соодветните процедури за онеспособување на колачињата.
- Explorer -
- Внесете: http://support.microsoft.com/kb/260971.
- Во долниот дел оддесно во менито кликнете на полето „Превод на производ“ (анг. Article translation) и изберете го јазикот на којшто сакате да го читате прилогот.
- Следете ги понатамошните инструкции.
- Firefox –
- Внесете: http://support.mozilla.org/kb/enable-and-disable-cookies-website-preferences.
- Изберете го јазикот од листата на страницата.
- Следете ги понатамошните инструкции.
- Chrome –
- Внесете: http://support.google.com/accounts/bin/answer.py?hl=en&answer=61416.
- Изберете го јазикот од листата на долниот дел од страницата.
- Следете ги понатамошните инструкции.
- Safari –
- Внесете: http://support.apple.com/kb/PH11913.
- Следете ги понатамошните инструкции (инструкциите се на англиски јазик).
Ако ги имате овие програми во вашиот компјутер, отворете ги и онеспособете ги функациите во нивниот систем за контрола. Ве советуваме да ги следите инструкциите од производителот на софтверот.
Кога ќе ги онеспособите антивирусот или firewall, и колачињата, интернет страницата треба да почне соодветно да функционира.
Ако проблемите продолжат да се појавуваат, ви предлагаме да користите Google Chrome (преземете го бесплатно на: http://www.google.com/chrome), бидејќи овој интернет пребарувач ги поддржува најпопуларните платформи (Linux, Windows, Mac).
Постојано ги тестираме нашите услуги на најпопуларните интернет пребарувачи. И покрај проверките, понекогаш може да се појават проблеми како резултат на уредувањето или специфичната верзија на пребарувачот. Ако и покрај инструкциите, сé уште имате проблеми со интернет пребарувачот, ве молиме испратете ни мејл на support@polyesterday.com.mk со следниве податоци:
1.Назив и верзија на интернет пребарувачот што го користите.
2.Оперативниот систем инсталиран во вашиот компјутер.
3.Преглед од екранот на компјутерот, ако е можно, од интернет страницата кадешто се појавува грешката (?).
4.Информации за видот на конекцијата што ја користите и брзината (?).
5.Ако е потребно, броевите на нарачка и процесирање.
Информациите за брзината за преземање, брзината за префрлување може да ги најдете на: http://www.speedtest.net/. Почекајте да се вчита страницата па потоа изберете „Започнете ја проверката“ (анг. Start test). Резултатите ќе бидат објавени на горниот дел од екранот на крајот на проверката.
За да ги вчитате вашето корисничко име и лозинка, кликнете на полето „Логирај се“ на горниот дел од воведната страница на сајтот; потоа кликнете на полето „Ја заборавивте лозинката?“ и внесете ја електорнската адреса со којашто се регистриравте. За само неколку минути ќе добиете мејл со податоци за да се најавите. Проверете ги и спам пораките.
Може да купите до 20 производи со една нарачка.
За да додадете производ во вашата кошничка, кликнете на полето „Продолжи да купуваш“.
Логирајте се и кликнете на полето „Моја сметка“. Потоа, изберете го полето „Мои нарачки“ и проверете го статусот на вашата нарачка. За да ја преземете фактурата, кликнете на полето „Фактура“.
Не може да додавате производи на веќе направена нарачка поради тоа што нашиот систем е креиран за автоматско обработување на брзи и навремени нарачки.
Нашите производи нудат безброј персонализирани решенија за форматот, материјалите како и за начините на печатење. Не нудиме дополнително прилагодување, освен персонализираните решенија понудени на нашиот сајт.
Да но само ако нарачката сé уште не е обработена. Статусот на нарачката може да го проверите на „Моја сметка“. Вашата нарачка може да ја откажете кога било пред рокот на плаќање.
Ако сте избрале испорака во рок од 48/72 часа или 5/7 работни денови (проценето време на испорака), нарачката мора да ја направите најдоцна до 18.00 часот (по Средноевропско време), додека испраќањето на фајлови и плаќањето мора да ги извршите до 18.30 часот (по Средноевропско време).
КАКО ДА НАПРАВИТЕ ФАЈЛОВИ ВО БАРАНИТЕ ФОРМАТИ
Вашите фајлови автоматски се проверуваат и тоа бесплатно.
-Се проверуваат димензиите на вашиот дизајн
-Се пронаоѓаат вметнати фонтови
-Се потврдуваат фонтовите и претворањето во вектори
-Дизајните во Пантон или RGB бои се преобразуваат со најпогодниот профил за печатење.
-Се потврдува дали бројот на страници одговара со оној во дизајнот.
Проверката на вашиот фајл од страна на графички дизајнер нуди:
-Проверка дали резолуцијата е под 70 точки по инч. (анг.70 dpi).
-Проверка дали страницата има белина и ја корегира.
-Проверка на растојанието на графичкиот дизајн од бедбедносната површина.
-Проверка на графичкиот дизјан во рамките на безбедносната површина.
-Проверка на ориентецијата на дизајнот од задна и предна страна.
-Проверка на pdf фајлови за списанија и каталози: димензии на спојна линија, фајл за корицата.
-Потврда на точниот графички изглед на страницата според примерокот.
Print.mk ви овозможува нашите професионалци да извршат проверка дали вашите фајлови соодветствуваат со нашите барања. Ако се двоумите за вашиот дизајн, изберете ја оваа опција и добијте ги следниве услуги:
-Графичка проверка на безбедносните површини.
-Проверка на растојанието помеѓу предметите во дизајнот и рабовите.
-Проверка на предна/задна ориентација
-Проверка на pdf фајлови за списанија и каталози:дебелина на раб, број на страници, фајл за корица.
-Проверка дали дизајнот точно изгледа доколку има преклопувања.
За да креирате фајлови во векторски формат, ви предлагаме да користите Adobe Illustrator. За растерен формат (погоден за слики) користете Adobe Photoshop. Adobe Indesign е одлична програма за документи со повеќе страни и Adobe Acrobat е корисен за последна проверка пред испраќање на фајл.
RGB сликите или сликите со Пантон бои автоматски ќе бидат преобразени со стандарден профил за одделување. Најпогоден формат за печатење е PDF формат којшто не е заштитен со лозинка (овој вид на фајл може да се направи со помош на програми како Indesign, QuarkXpress, Illustrator).
Ги прифаќаме сите верзии на PDF но ја препорачуваме PDF x3-2002.
Исто така, може да ни испраќате JPG или TIFF фајлови со резолуција од 300 точки по инч (анг. 300 dpi).
За одредени производи може да изберете печатење „Само на предна страна“, „Иста предна и задна страна“ или „Различна предна и задна страна“.
- Ако избравте „Само предна страна“ или „Иста предна и задна страна“, испратете само еден фајл.
- Ако избравте „Различна предна и задна страна“, префрлете двостран фајл или два посебни фајлови.
За идеален повез и шев на книга со меки корици треба да испратите два фајлови: еден за корицата, и втор за внатрешните страници.
За сите останати производи, доволно е да испратите само еден фајл.
Фајловите за табачен печат треба да бидат со резолуција од 300 точки (анг. 300 dpi) и преобразени во режим на боја CMYK (цијан, магента, жолта, црна). RGB слики или слики во Пантон бои автоматски ќе бидат преобразени со стандарден профил за одделување.
Најпогоден формат за печатење е PDF форматот којшто не е заштитен со лозинка (овој вид на фајл може да се направи со помош на програми како Indesign, QuarkXpress, Illustrator).
Ги прифаќаме сите PDF верзии но ја препорачуваме PDF x3-2002.
Може да ни испратите и JPG или TIFF фајлови со резолуција 300 точки (анг. 300 dpi).
Обрезот обезбедува минимум безбедни маргини кога вашите производи се израмнети. Таа осигурува беспрекорен краен резултат.
Обрезот за фајловите за дигитален печат е даден подолу.
- За визит карти: 2мм од сите страни
- За формати поголеми од 9x5цм (на пример, за флаери): 1мм од сите страни
- Фајлови за списанија (повеќестрани фајлови): 3мм од сите страни на секоја страница
За фајлови за широк формат, без оглед на материјалот, потребно е да се остави 1мм обрез на графиката, со исклучок кај двостраните цврсти материјали кадешто треба да се остави 1цм од сите страни.
Кога го префрлувате вашиот фајл за печатење, софтверот автоматски ги анализира илустрациите: се воочува грешка ако резолуцијата е ниска, големината погрешна или ако нема оставено обрез.
Несовпаѓањето со спецификациите се пријавува по мејл со сите детални информации за грешката и инструкции за креирање нов, точен фајл.
За дизајнот ви препорачуваме да го користите образецот под полето „Детали за производот“ на страницата со производи.
Фајлот можеби бил засечен при изготвувањето. Кога правите фајл во Acrobat, алатката за засекување (којашто покажува каде документот е исечен) не ги отфрла илустрациите што ја надминуваат површината (ова се засекува кога документот е потсечен) туку ги сокрива. За да ги примените видените димензии, кога ќе го отворите Acrobat фајлот, зачувајте го вашиот документ како .ps фајл и потоа дестилирајте ги илустрациите со помош на Adobe Distiller.
Ако примиме ваш фајл што не одговара на спецификациите за печатење, ќе ви испратиме мејл со известување дека „фајлот е несоодветен“. Следетете ги инструкциите за да го корегирате фајлот и повторно испратете ни го.
Забелешка! Датумите за испорака автоматски се менуваат по приемот на нов фајл; ќе ви испратиме мејл со податоци за новиот датум на испорака на вашите производи.
Големо внимание треба да обрнете на употребата на црна боја. За да избегнете сликата да изгледа непридорно кога користите црна боја како боја за позадина (пример во корици), предлагаме да ги користите следниве комбинации на CMYK: c. 30, m. 30, y. 30, k. 100.
Во текстови, предлагаме да користите чиста црна боја: c. 0, m. 0, y. 0, k. 100.
За да бидете сигурни дека сте ги употребиле точните фонтови, треба да исцртате контури.
Ако не можете да го претворите текстот во контури, може да ги вметнете фонтовите кога го правите или зачувувате вашиот фајл во програмата што ја користите. Оваа алтернатива сепак не дава сигурност за отпечатениот краен производ.
За широк формат, предлагаме фонтовите да бидат не повеќе од 5pt и дебелината на линиите помалку од 0.5pt.
За дигитален печат, фотновите треба да бидат помалку од 5pt како погоре но дебелината на линијата може да оди до 0.25pt.
Печатењето боја врз боја(анг. overprint) настанува кога две бои се преклопуваат и создаваат трета боја. За да избегнете несакани резултати во бојата , онеспособете ги карактеристиките за печатење боја врз боја (анг.overprint) во вашиот фајл.
Не препорачуваме употреба на рамки и паспарту во фајловите со цел да се избегне неправилно сечење по рабовите.
Покрај стандардните димензии на производи, за големи површини може да изберете димензија пополнувајќи ги полињата за висина и ширина.
За мали формати, за да нарачате димензија којашто не е вклучена во стандардните, изберете го полето „други формати“ потоа „адаптиран формат“ и внесете ги висината и ширината на вашиот дизајн.
Следете ги инструкциите во pdf документот што можете да го најдете на страницата со производи што сакате да ги нарачате. Се наоѓа на десната страна од екранот под полето „Детали за производот“. Ова се линковите:
*Спојување со спојница
/printing-magazines-books-catalogues/staples/
*Поврзување со спирала
/printing-magazines-books-catalogues/wiro-bound/
*Топло лепење
/printing-magazines-books-catalogues/papaerback-binding-corrugated-milled-and-glued/
*Подврзување на книга со повез
/printing-magazines-books-catalogues/magazines-for-postal-sending/
*Списанија
/printing-magazines-books-cataloques/magazines-for-postal-sending/
*Табаци
/printing-magazines-books-catalogues/unbound-sheets/
При нарачка на отпечатени табаци без доработка, префрлете еден од обрасците од нашиот сајт, додадете неколку информации и проверете ја површината на табакот за печатење. Белите делови од образецот се печатат, додека сивите ги користи машината во обработката и не може да вклучи никаков дизајн. Отпечатените табаци без доработка се испорачуваат не исечени, во палета.
За печатење на големи површини, резолуцијата мора да биде помеѓу 100 и 150 точки на инч (анг.100 -150 dpi) во режим на боја CMYK (цијан, магента, жолта, црна). Сите илустрации во RGB автоматски ќе бидат претворени со стандарден профил за одделување. Ве молиме испраќајте ни фајлови во PDF формат. Исто така прифаќаме и JPEG и TIFF фајлови иако ве советуваме да не ги испраќате овие два вида на фајлови бидејќи е потребно подолго време да се префрлат.
Фајловите секогаш се испраќаат во целосната димензија. Прифаќаме намалени фајлови само за формати што се поголеми од 500цм. Ве молиме проверете дали пропорциите се точни. За да бидете сигурни дека фајлот е точно отпечатен, резолуцијата мора да биде пропорционална со употребуваниот сооднос (на пример, ако сакате да отпечатите димензија 500x100цм и испратите фајл во сооднос 1:10, резолуцијата мора да биде 1000 точки на инч (анг.1000 dpi). Ова овозможува фајлот да се отпечати во 100 точки на инч (анг.100 dpi) штом се врати во целосната димензија (1:1).
Треба да оставите 1мм обрез на секоја страна од фајлот за големи површини. Може да додадете и простор за дополнителни делови како отвори за јаже или прстени: префрлете го обрзацот којшто е најпогоден според вашите барања, пресликајте го на дизајнот и зачувајте го како PDF фајл.
За печатење на постери, реозлуцијата на фајлот мора да биде помеѓу 150 и 200 точки на инч (анг.150-200 dpi). Цврстите материјали исто така се печатат во висока резолуција: резолуцијата на фајлот мора да биде помеѓу 150 и 200 точки на инч (анг.150-200 dpi).
Налепниците, цврстите материјали и етикетите може да се сечат по форма.
Вршиме само едно адаптирано сечење по должина на рабовите/краевите (не вршиме
многукратни засеци). За сечење, направете вектор со помош на боја во Adobe
Illustrator. Именувајте го како „Контура за сечење“ (анг.CutContour) и сместете го во посебен
леер. Оставете 2мм обрез на дизајнот ако правите фајл за налепници или етикети, и
1мм обрез за сите останати производи. Ве молиме испратате ни PDF фајл.
За да ги отпечатите овие производи, мора да ги користите нашите обрасци. Постапете според следниве чекори:
*Префлрете го образецот за производот што го избравте.
(кликнете на образецот)
*Образецот е векторски фајл (достапен како .eps и PDF): за да работите на него треба да користите програми како, Illustrator или Corel draw. Отворете го образецот за да направите нов леер кадешто ќе го додадете вашиот дизајн.
*Не заборавајте да ги конвертирате сите фонтови за да избегнете компатибилност со нашите програми (т.е. замена/супституција на фонтови).
*Елиминирајте ги сите ознаки освен линиите за обрез.
*Зачувајте како PDF фајл.
Ако фајловите што ќе ги добиеме не соодветствуваат на нашите барања (во димензија, резолуција, обрез итн.), ќе добиете мејл-известување за несоодветен фајл со подробни ифнормации за пронајдената грешка. Штом ги направите корекциите, повторно испратете ни го фајлот префрлувајќи го во полето „Префрли фајл“.
Датумот на испорака ќе се промени веднаш по приемот на новиот фајл.
Овие бои не може да се отпечатат во просецот на печатење со четири бои. Пред да ги испратите вашите фајлови, проверете дали се конвертирани во режим на боја CMYK (цијан, магента, жолта, црна).
Print.mk не прави корекции во адаптирани фајлови. Мора да ги подготвите фајловите според спецификациите пред да ни ги испратите.
Print.mk е онлајн печатарски сервис: не правиме графички дизајни за нашите клиенти.
Print.mk печати во бела боја на 3 материјали:
- Транспарентни налепници – дигитално печатење
- Сребрени налепници – дигитално печатење
- Транспарентен плексиглас
Ако сакате да користите бела боја (на пример бел текст на отпечатена позадина) следете ги инструкциите подолу:
*Направете втор леер во вашиот фајл наречен „бела боја“ и додадете го дизајнот креиран во претходната постапка. Доделете ПАНТОН боја во овој дел и изберете ја опцијата „Печатење боја врз боја (анг.overprint)“. Предметите во двата леера мора идеално да се преклопат. Внимание: Белата линија мора да биде затворена во спротивно нема да биде видлива на отпечатениот материјал.
*Додадете сечење по дадена форма на Пантонот за да ни посочите каде и како треба да се сече материјалот.
*Зачувајте како PDF фајл, и проверете дали дизајните и/или текстот се конвертирани во вектори за да се избегнат проблеми со вчитување на фајлот.
За да отпечатите непроѕирни бои на транспарентен материјал (пр., за колор текст на транспарентна/проѕирна позадина) постапете на следниов начин:
*Направете еден леер со предмет/текст и додадете ја избраната боја
*Направете втор леер наречен „бела боја“ и додадете го предметот/текстот од претходниот леер. Доделете Пантон боја во овој дел и изберете ја опцијата „Печатење броја врз боја (анг.overprint)“. Внимание: Белата линија мора да биде затворена во спротивно нема да биде видлива на отпечатениот материјал.
* Зачувајте како PDF фајл, и проверете дали дизајните и/или текстот се конветрорани во вектори за да се избегнат проблеми со вчитување на фајлот.
Ако сакате да користите бела боја (на пример бел текст на отпечатена позадина) следете ги инструкциите подолу:
*Направете втор леер во вашиот фајл наречен „бела боја“ и додадете го дизајнот креиран во претходната постапка. Доделете ПАНТОН боја во овој дел и изберете ја опцијата „Печатење боја врз боја (анг.overprint)“. Предметите во двата леера мора идеално да се преклопат. Внимание: Белата линија мора да биде затворена во спротивно нема да биде видлива на отпечатениот материјал.
*Додадете сечење по дадена форма на Пантонот за да ни посочите каде и како треба да се сече материјалот.
*Зачувајте како PDF фајл, и проверете дали дизајните и/или текстот се конвертирани во вектори за да се избегнат проблеми со вчитување на фајлот.
За да отпечатите непроѕирни бои на транспарентен материјал (пр., за колор текст на транспарентна/проѕирна позадина) постапете на следниов начин:
*Направете еден леер со предмет/текст и додадете ја избраната боја
*Направете втор леер наречен „бела боја“ и додадете го предметот/текстот од претходниот леер. Доделете Пантон боја во овој дел и изберете ја опцијата „Печатење броја врз боја (анг.overprint)“. Внимание: Белата линија мора да биде затворена во спротивно нема да биде видлива на отпечатениот материјал.
* Зачувајте како PDF фајл, и проверете дали дизајните и/или текстот се конветрорани во вектори за да се избегнат проблеми со вчитување на фајлот.
Опцијата за непроѕирна бела оневозможува бел печат на целата површина од едната страна на плексигласот. Тоа гарантира дека печатот ќе биде провиден (не непроѕирен).
Фајлот може да се замени само ако не е започнат процесот на изработка (времето на изработка зависи од распоредот на одделот за производство и времето за испорака; како резултат на тоа, фајлот може да се обработи само неколку минути по комплетирање на нарачката).
Ако процесот на печатење сé уште не е започнат (статусот на вашата нарачка може да го проверите во вашето лично поле) може да го замените фајлот според следниве инструкции:
*Изберете го зеленото копче вклучувајќи го полето „Поле за префрлување на фајл“ на интернет страницата.
*Внесете го вашиот број на нарачка.
*Изберете „Кликнете тука за повторно да го префрлите фајлот“ и испратете ни го новиот фајл.
Забелешка: Последно префрлениот фајл автоматски го заменува претходниот.
Има различни видови на монитори/компјутерски екрани коишто може да бидат различно калибрирани и како резултат на тоа отпечатениот материјал може да не биде точно онаков каков што го гледате на мониторот. Пред да ни го испратите конечниот фајл, ве советуваме да ја користите CMYK колор палетата којшто може да ја нарачате на нашиот сајт во делот за примероци (книга со мостри од бои).
Не, нашите примероци и книга со мостри од бои се брендирани со логото на Print.mk.
Не изработуваме пробни примероци. Може да нарачате мала количина за одреден производ: количините се менуваат во зависност од избраниот производ. Сепак, не гарантираме дека таа мала количина ќе коинцидира со крајната нарачка.
Префрлените фајлови се чуваат 45 денови и по изминување на тој период, се бришат. Фајловите се чуваат во нашиот систем 45 дена со единствена цел – за пост-производствени проверки и не можеме да ги ви вратиме ниту пак ги чуваме во нашата архива. Останува на вас да направите копија од секој фајл што го испраќате на сајтот на Print.mk.
Ве молиме сите текстови (фонтови) конвертирајте ги во вектори и за дигитално и за печатење на широк формат. На тој начин ќе ги заштитите од можноста да се отпечатат на начин што не е во согласност со вашите барања. Исто така, може да ги вметнете во вашиот документ без да ги конвертирате но во тој случај не гарантираме точен принт.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ИСПОРАКА
Готовите материјали ги доставуваме во рок од 48/72 часа. За подалечни локации, потребно е повеќе време за испорака од стандардното. Производите коишто ги надминуваат страндардните димензии и висина, како на пример тешки палети и цврсти материјали, ги доставуваме преку Карго или Пост експрес Македонија во рок од 5/7 работни денови. Испораката на вашата пратка може да ја следите на сајтот на доставувачот.
Проценетото време на испорака на готов производ е најмалку 2 работни денови бидејќи тоа е времето потребно да се направи и префрли фајлот и да се одобри од страна на клиентот.
Веднаш по одобрувањето на фајлот, во полето „одобрување на фајл“ во вашата лична сметка, датумот на испорака ќе се смени соодветно и ќе ви испратиме мејл за потврда.
За жал не може да се испланира времето на испорака бидејќи службите за достава работат во период од 09.00-18.00 часот од понеделник до петок; невозможно е да се одреди точно време ниту пак однапред да го контактирате доставувачот на пратката за да договорите термин.
Трошокот за испорака е вклучен во цената на производот. Специјалните понуди имаат бесплатна достава до вашата адреса.
Ако сакате вашите клиенти да не знаат за нас, побарајте анонимна испорака. Изберете ја оваа можност кога ќе ја правите нарачката; вие или вашиот клиент ќе добиете анонимен пакет на којшто нема податоци од нашата компанија ниту на пакувањето ниту на испратницата.
Невозможно е една нарачка да се достави на повеќе адреси. Доколку сакате да ги доставите вашите производи до повеќе адреси, мора да направите неколку нарачки.
Нашиот принцип на работа не дозволува подигнување на готовите материјали од нашите канцеларии. Доставата се врши преку брза пошта Пост експрес Македонија.
Нашите служби за достават не вршат испорака на саеми за трговија.
Испораката на вашата пратка може да ја следите логирајќи се на „Моја сметка“ на нашиот сајт. Интернсет страницата на нашата курирска служба автоматски ќе се отвори и таму ќе може да ги пронајдете сите детали околу доставата како и контакт информации на доставувачот. Доколу имате проблеми со службата за достава или испораката, ве молиме веднаш да нé известите за да му дадеме нови инструкции на доставувачот.
Пред да ја преземете пратката:
А.) Во присуство на доставувачот прверете дали пакетот е неоштетен и дали бројот на делови се совпаѓа со бројот во испратницата.
Б.) Ако пакетот е оштетен (свиткан, искинат, со вдлабнатина/длабка) ПРИФАТЕТЕ ЈА ПРАТКАТА ЗА ПРОВЕРКА истакнувајќи ја штетата на испратницата (на пример, „Ја преземам пратката за проверка поради свиткан, искинат, итн...пакет“).
В.) Ако доставувачот не дозволува условна испорака, НЕ ПРИФАЌАЈТЕ ГИ ПРОИЗВОДИТЕ. Ако пакетот е неоштетен, а материјалот внатре има оштетување, ПРИЈАВЕТЕ ЈА ШТЕТАТА ВО РОК ОД 3 ДЕНА ПО ПРИЕМОТ со испраќање на мејл на support@polyesterday.com.mk со следниве информации:
1.Бројот на нарачка и производот/производите.
2.Краток опис на оштетувањето.
3.Фотографија од оштетувањето за да може да продолжиме со нашата проверка.
Ако подигнете погрешни производи, побарајте помош со клик на „Моја сметка“ и потоа изберете го полето „Помош за примени нарачки“. Тука пријавете го проблемот што го имате со примената нарачка и испратете фотографија за проверка.
Print.mk не нуди право на поништување на нарачките бидејќи нашите производи се правени по нарачка.
Да, царинските издатоци и административна котизација се трошоци кои ги сносува клиентот. Print.mk не сноси одговорност за подмирување на царински трошоци. Клиентот исто така е обврзан да ја проверува испораката; Print.mk не ја признава одговорноста за одложувањето што може да настане поради тоа.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОНУДЕНИТЕ УСЛУГИ
HD квалитет значи печатење во висока резолуција со новиот Durst P10 во 10пиколитри во секунда што им дава на вашите илустрации острина и неверојатни детали, а сепак е еколошки и нуди печатење на широк спектар на материјали.
Промомејл е двонеделен билтен којшто ги прикажува сите наши понуди и нови производи сé со цел постојано да бидете информирани за новите услуги и новости во Print.mk.
Промокодот на Print.mk ви овзоможува да имате полза од нашите ексклузивни промоции.
Како функционира? Само внестете ПРОМОКОД и кликнете на полето „Активирај го Промокодот“ за да го пресметате вкупниот трошок на вашата нарачка. Кодовите може да се користат само по логирањето на Print.mk Сметката, што значи дека најпрво мора да се регистрирате. Регистрирањето на Print.mk ви овозможува секогаш да бидете во тек со информациите за нашите нови понуди и ексклузивни промоции.
Ако вашиот код се појави како неважечки, обидете се повторно да се логирате и одново внесете го кодот. За една нарачка може да користите еден промокод, којшто го внесувате во назначеното поле во вашата кошничка за пазарување.
Не заборавајте да ги проверите промотивните понуди, како и датумите и производите за коишто важат понудите.
ИНФОРМАЦИИ ЗА НАРАЧКИ, ФАКТУРИРАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ
Фактурите ги испраќаме преку мејл на електронската адреса со којашто сте регистрирани.
Да. При правење на нарачката, ќе ви се постави прашање дали адресата на достава е иста како и адресата на којашто ќе се испрати фактурата. Ако адресите се различни, наведете ја адресата за достава.
Може да го менувате вашиот профил со клик на „Моја сметка“, изберајќи го полето „Измени го твојот профил“. Не може да ги менувате податоците за називот на вашата компанија и даночниот број. За детални информации, ве молиме контактирајте нé.
Плаќањето се врши со кредитни картички; прифаќаме и плаќање со Visa и Master Card.
Линкот за уплата ќе го најдете на „Моја сметка“; изберете го полето „Мои нарачки“ и кликнете на „Плати сега“.
Плаќањето е евидентирано само кога уплатената сума е префрлена на нашата банковна сметка (којашто се проверува секојдневно). Штом сумата е евидентирана, автоматски се издава фактура.
Не оддаваме информации за нашите клиенти. Вашите податоци ги користиме единствено за административни цели и комуникација со вас.