Одберете го Startup пакетот кој најмногу ви одговара
Тука сме за вашата бизнис идеја конечно да добие физичка форма! Започнувањето на нов бизнис носи премногу обврски, затоа ние сме тука да ви ги олесниме последните чекори. Нашите специјално спакувани стартап пакети се тука за максимално да ви ги олеснат деловните одлуки, нудејќи ви комплетно и брзо решение каде што вашиот бренд веднаш станува опиплив и препознатлив.
Преку долгогодишното искуство на печатницата Polyesterday, ви обезбедуваме врвна изработка на беспрекорно отпечатени визит картички, официјални меморандуми, флаери А5, папки со рачно залепен џеб, деловни пенкала, брендирани коверти и мултифункционални USB кредитни картички од 32GB со супериорен и брз 3.0 пренос на податоци. Спакувајте го вашето официјално лого на едно место уште од првиот деловен состанок, остварете моќен впечаток на сериозност кај новите соработници и фокусирајте се целосно на развивање на вашиот нов бизнис.
