Претворете ја секоја маса во профитабилен рекламен простор! Потребното време додека се чека нарачката е совршена можност за привлекување на вниманието, без разлика дали промовирате сопствено мени, специјално вино од локална винарија или банкарски фонд за штедење со интересна боенка за најмладите. Овие хартиени подметнувачи се идеална платформа за крос-маркетинг соработки, нудат забава за децата во вид на површина за шкртање и цртање, а на персоналот му овозможуваат брзо и лесно расчистување на масите.
Во Polyesterday со задоволство го ставаме нашиот капацитет во служба на вашите креативни идеи, овозможувајќи ви преку Print.mk брз и лесен онлајн процес на нарачка. Отпечатени на квалитетна хартија со врвна прецизност на боите, овие подметнувачи на исплатлив начин ја пренесуваат вашата порака или бренд приказна на секојдневни оброци, свечени ручеци и разни промотивни настани. При печатењето се користат прехрамбени бои, што ги прави целосно безбедни во контакт со храна.
Производ: Персонализирани хартиени подметнувачи за на маса
Димензии: А3 формат (29.7 x 42 cm) или B3 формат (35.3 x 50.0 cm)
Начин на печатење: Еднострано фул колор печатење
Бои: Еколошки прехрамбени бои (целосно безбедни за контакт со храна)
Материјал: Висококвалитетна стандардна бела хартија од 80 гр или 90 гр
Достава: Брза достава низ Македонија (според дефинираните рокови)