Совети за подготовка на фајловите
Оптималната резолуција на фајловите за дигитално и офсет печатење е помеѓу 200 и 350 dpi. Фајлот кој ни го праќате треба да биде во некој од следните формати PDF, JPEG или TIFF.
Единственото нешто што е подобро од стандардниот шпил карти е шпил карти со ваш сопствен дизајн.
Печатиме песонализирани шпилови на карти согласно вашите барања, без оглед дали сакате да комеморирате некој настан, да одржите промоција, да споделите радост или да пробудите интересирање за вашиот бренд.
Предната, задната страна на картите за играње, боите и завршната обработка – сé може да се направи по нарачка.
Со секој шипл карти добивате 52 визуелни и изразити начини да раскажете приказна или да пренесете порака. Вашат креативност нема граници. Може да направите дизајн каков што посакувате и ние ќе го отпечатиме. Дури и кутијата за картите може да ја дизајнирате. Раскажете ја вашата приказна од почеток до крај со леснотија. Изберете мат или УВ сјајна завршна обработка за истакнување на бојата.
Are you sure about this?