Насоки за нарачка, плаќање и рокови за изработка:
За сигурна и навремена обработка на вашите производи, ве молиме внимателно да ги следите дефинираните временски рокови. Почитувањето на овие термини овозможува брза автоматизација во производниот процес.
-
Време за нарачка и фајлови: Нарачката и соодветните графички фајлови за печат мора да бидат испратени најдоцна до 10:00 часот во тековниот ден.
-
Рок за плаќање: Уплатата на средствата (преку Visa или MasterCard) треба да се финализира најдоцна до 10:30 часот во истиот ден.
-
Промена на рокови: Секој испратен фајл или извршена уплата по наведените часови, автоматски го поместува терминот за изработка за следниот работен ден.
-
Време за подигнување: Датумите прикажани на екранот го означуваат времето кога производот е финално готов и може да се подигне од Polyesterday - Визбегово.
-
Опција за достава: Доколку при нарачката изберете опција за достава, означениот датум го гарантира исклучиво времето кога пратката е подготвена и предадена за достава, но не го предвидува соодветното време на пристигнување до вашата адреса.
Викенди и државни празници: При пресметката на роковите за изработка се земаат предвид исклучиво работните денови (сабота, недела и официјалните државни празници во Македонија не се вклучени во производниот процес).
Како да ги подготвите фајловите за печат?
Прикачете го вашиот дизајн во PDF (препорачано) или слика во соодветниот формат 1:1 со висока резолуција (300 DPI):
- Брза подготовка: За точен обрез и безбедни маргини, ве молиме симнете го нашиот готов Template (шаблон) погоре.
- Векторски елементи: Сите фонтови во PDF фајловите мора да бидат претворени во криви (outlines).
Не сте сигурни за квалитетот на фајлот? Без грижи — наведете како забелешка, прикачете го тоа што го имате, а нашиот тим бесплатно ќе го провери пред изработка!
Бидејќи секој важен деловни документ не е за секое око! Во бизнис светот, приватноста и дискрецијата се од витално значење, па затоа папките за презентација се тука за да ги заштитат вашите информации со стил. Како клучен дел од нашата палета производи за беспрекорна канцеларија, секоја папка ви помага на едно место уредно да ги соберете сите документи од иста тематика или клиент. На овој начин, вашата работа секогаш изгледа елегантно, префинето, чисто и јасно.
Во Polyesterday со задоволство го ставаме нашиот комплетен капацитет и долгогодишно искуство во служба на вашите потреби за канцелариски материјал, претворајќи ги вашите визуелни решенија во реалност преку брз и лесен онлајн процес. Нашата технологија ни овозможува прецизно да го отпечатиме вашето лого во чисти и живи бои кои веднаш оставаат трага во деловниот свет. Нудиме избор од три различни функционални форми на внатрешни џебови на цврста хартија, кои доаѓаат и со практичен фабрички држач за визит карти, со што вашите контакт податоци секогаш им се на дланка на вашите соработници.
Производ: Персонализирани деловни папки за презентација.
Димензии и модел: Избор од три стандардни форми на папки со џебови прилагодени за А4 документи (модели PP-A4-1, PP-A4-3 и PP-A4-4).
Начин на печатење: Еднострано фул колор или двострано фул колор печатење.
Тип и тежина на хартија: Висококвалитетен и цврст кунстдрук со тежина од 350 грама, достапен во демимат (полумат) или сјајна верзија.
Доработка: Опција за дополнителна заштита и финиш со мат или сјајна ламинација.
Достава: Брза достава низ Македонија (според дефинираните рокови).