Насоки за нарачка, плаќање и рокови за изработка:
За сигурна и навремена обработка на вашите производи, ве молиме внимателно да ги следите дефинираните временски рокови. Почитувањето на овие термини овозможува брза автоматизација во производниот процес.
-
Време за нарачка и фајлови: Нарачката и соодветните графички фајлови за печат мора да бидат испратени најдоцна до 10:00 часот во тековниот ден.
-
Рок за плаќање: Уплатата на средствата (преку Visa или MasterCard) треба да се финализира најдоцна до 10:30 часот во истиот ден.
-
Промена на рокови: Секој испратен фајл или извршена уплата по наведените часови, автоматски го поместува терминот за изработка за следниот работен ден.
-
Време за подигнување: Датумите прикажани на екранот го означуваат времето кога производот е финално готов и може да се подигне од Polyesterday - Визбегово.
-
Опција за достава: Доколку при нарачката изберете опција за достава, означениот датум го гарантира исклучиво времето кога пратката е подготвена и предадена за достава, но не го предвидува соодветното време на пристигнување до вашата адреса.
Викенди и државни празници: При пресметката на роковите за изработка се земаат предвид исклучиво работните денови (сабота, недела и официјалните државни празници во Македонија не се вклучени во производниот процес).
Постерите се менуваат, кампањите поминуваат, но А-таблата останува – инвестиција што се отплаќа со години. Двостраните алуминиумски А-табли во Б1 формат се една од најстарите, најверните и економски најисплатливите инвестиции за брендирање, со еднаква примена како на отворено, така и за внатрешно позиционирање во вашите продажни салони, деловни објекти, трговски центри и саеми. Ова е долготрајно и рентабилно рекламно помагало кое може да трае со години; вие едноставно ги менувате постерите за секоја нова кампања, додека цврстата конструкцијаа останува вечна.
Ние во Polyesterday ги комплетираме овие табли со квалитетна алуминиумска рамка од 25mm и софистициран клик-клак систем за инстант замена на постерите за само неколку секунди, без никаков алат. Секој дисплеј вклучува заштитен анти-рефлексивен транспарентен филм (фолија). Конструкцијата е извонредно стабилна, а сепак лесна за секојдневно внесување на објектот по завршување на работното време.
Производ: Долготрајни двострани алуминиумски А-табли со заштитен филм
Повод: Промоции пред продажни салони, декор и инфо-табли во внатрешни деловни простории, менија за ресторани, конференции, саеми и долгорочни маркетинг кампањи
Материјал: Вечна и цврста алуминиумска конструкција (25mm)
Димензии: Стандардизиран Б1 формат за печатење на внатрешни постери со точна димензија од 70 x 100 cm
Техничка напомена: Двострана видливост, вграден клик-клак систем за брза замена на постерите и лесно склопување при транспорт
Важно: Постерите за во таблата се нарачуваат одделно.