Инструкции за подготовка и печатење на фајл
За печатење на материјали на широк формат најпогодна резолуција на фајлот во сооднос 1:1 е 100 dpi. Ако некоја од страните на производот е поголема од 5м, фајлот треба да се биде во сооднос 1:10 со резолуција 1000 dpi.
Доколку димензиите на фајлот ја надминуваат најголемата димензија на материјалот, истиот кје биде испечатен во повеќе делови и ќе биде споен со лепење.
Испратете ни PDF, JPEG или TIFF фајл во CMYK, без обрез.
Ве молиме следете ги упатствата за да направите точен фајл.
Меш банери – Полиестердеј
Банери – за надворешно рекламирње на големи површини
Меш банерите вообичаено се користат за рекламирање на пространи надворешни површини, како реклама на стадиони или уште покреативно, како прекривки на згради или театарски позадини. Меш банерите се изработуваат од перфориран ПВЦ материјал, лесен, издржлив и отпорен на елементарни непогоди. Идеални се за големи површини бидејќи се особено соодветни при ветровити временски услови.
Меш банерите на Полиестердеј можат целосно да се прилагодуваат, се печатат со најмодерна технологија која дава отпечатени материјали со исклучително јасни и долготрајни бои.
Меш банери – димензии и печатење
Максималната димензија за печатење на меш банер е 315цм или 495цм од помалата страна. Поголемите димензии се спојуваат со лепење со цел да се покријат големи рекламни површини. За поедноставна достава, меш банерите ги испорачуваме во ролна или исечени по форма.
За поедноставно позиционирање и поставување може да се постават алки или отвори (џебови) за вметнување јаже, сајла или шипка, сé со цел да се избегне предвремено кинење.
Доколку меш банерите не се соодветен избор за вас, Полиестердеј ви нуди широк спектар на отпечатени медии за различни прилики, како на пример ПВЦ банери или дисплеи за надворешно рекламирање.