Инструкции за подготовка и печатење на фајл:
За најдобри резултати, вашиот фајл треба да биде во PDF формат, помеѓу 150 и 200 dpi. Нашите графички дизајнери може да го проверат вашиот фајл за да се осигурате дека крајниот производ ќе биде со највисок квалитет.
Кога се печати на широк формат, најпогодната резолуција за фајловите во сооднос 1:1 е 150-200 dpi.
Ако некоја од страните на производот е поголема од 5м во должина, тогаш фајлот мора да биде во сооднос 1:10 со резолуција 1000 dpi. Нашиот систем за верификација на фајл автоматски ги блокира фајловите под 70 dpi за да се спречи супстандардно печатење.
Испраќајте ни PDF, JPEG или TIFF фајлови.
Налепници
Прилагодете ги рамните површини, почнувајќи од ѕидовите па се до лап-топовите, со налепниците на Полиестердеј. Нудиме налепници од најразлични материјали вкулучувајќи и провидни материјали соодветни за оние коишто бараат налепници за стаклени површини. Сите налепници се изработени од ПВЦ со цел да се обезбеди долготрајност и долговечност.
Налепниците се идеални за оние коишто сакаат да ги прилагодат своите производи или лични предмети давајќи им целосно сопствен белег. Налепниците за рамни површини се корисни за оние коишто сакаат да го презентираат својот бренд на брз, едноставен и модерен начин.
Налепници – форми и димензии
Полиестердеј никогаш не ги ограничува своите клиенти кога станува збор за нивните дизајни, односно сите проекти можат да се прилагодуваат до најсложени детали. Нашиот онлајн образец за нарачки им овозможува на клиентите да ја внесат точната димензија на нивниот производ бидејќи ние произведуваме налепници во секоја димензија. Доколку кратката страна во вашиот проект е над 150цм, ќе го отпечатиме производот на 2 или повеќе делови, со соодветен преклоп.
Изберете од повеќе различни ПВЦ материјали за вашите налепници, вклучувајќи ги и нескратени лепливи ПВЦ материјали со висока резолуција коишто даваат беспрекорни резултати. Доставата на декоративните налепници се врши во најбрз рок. За повеќе информации за испораката на готовите материјали, ве молиме посетете го делот за „Најчесто поставувани прашања“ на нашата интернет страница.