Инструкции за подготовка и печатење на фајл
За печатење на материјали на екстра широк формат најпогодна резолуција на фајлот во сооднос 1:1 е 30 dpi. Ако некоја од страните на производот е поголема од 5м, фајлот треба да се биде во сооднос 1:10 со резолуција 300 dpi.
Доколку димензиите на фајлот ја надминуваат најголемата димензија на материјалот, истиот кје биде испечатен во повеќе делови. Градежните мрежи НЕ СЕ спојуваат со лепење!
Испратете ни PDF, JPEG или TIFF фајл во CMYK, без обрез.
Ве молиме следете ги упатствата за да направите точен фајл.
Испечатени градежни мрежи – Полиестердеј
за надворешно рекламирање на големи површини
Најновите испечатени градежни мрежи овозможуваат секој градежен објект да се претвори во огромен билборд, овозможувајќи го најголемиот можен простор за промовирање на вашиот бизнис.
Тоа може да го направите во ПОЛИЕСТЕРДЕЈ по неверојатно ниски цени, почнувајќи веќе од 149 мкд/м2
Без разлика дали градите, доградувате, реновирате некоја зграда или било кој објект, никогаш немало поедноставен начин да го искористите огромниот простор за промоција на вашиот бизнис или рекламирање на вашите производи.
Градежни мрежи – димензии и печатење
Максималната димензија за печатење на градежна мрежа е 250см од помалата страна. Поголемите димензии се спојуваат на лице место на самото скеле со цел да се покријат големи рекламни површини. За поедноставна достава, меш банерите ги испорачуваме во ролна.
Доколку градежните мрежи не се соодветен избор за вас, Полиестердеј ви нуди широк спектар на отпечатени медии за различни прилики, како на пример МЕШ банери, ПВЦ банери или дисплеи за надворешно рекламирање.